Димитријевиќ и Уникс Казањ им се вратија на победите во ВТБ лигата

По поразот во минатото коло на домашен терен од Руна Баскет Москва, македонскиот кошаркарски интернационалец Ненад Димитријевиќ и неговиот Уникс Казањ им се вратија на победничките патеки во ВТБ лигата.

Тимот од Казањ денеска без поголеми проблеми ја оправда фаворитската улога откако славеше на гостувањето кај Парма Перм со 77-87. Во текот на целиот меч гостите беа подобар противник и сето тоа резултираше за седми триумф сезонава.

Димитријевиќ повторно беше најдобар поединец во својот тим со 20 поени, надополнети со два скока и четири асистенции.

Standings provided by Sofascore

Се вчитува...