Димитријевиќ: Мораме да бидеме екипа за да ја победиме Естонија

Ненад Димитријевиќ е подготвен за улогата на лидер во националниот тим, за серијата одлични игри во дресот на Хувентуд да ја продолжи и во македонската репрезентација. Одличниот плејмејкер се мачи со повреда на мускулот, но ќе биде во можност да им помогне на „црвено-жолтите“ на премиерниот дуел со Естонија. Според Димитријевиќ, клучно за нас ќе биде да се одигра максимално колективно, како во нападот, така и во одбраната.

„Повредата дојде во незгоден момент, денеска ќе работам под посебен третман, но утре ќе настапам против Естонците. Мислам дека клучно ќе биде да одиграме колективно, Естонија можеме да ја победиме само ако одиграме како екипа, да си помагаме на теренот. Знаеме дека играат брза кошарка, јас сум навикнат на такво нешто од настапите во Шпанија и во Еврокупот, можеме да им одговориме на вистински начин и да стигнеме до посакуваната победа“, изјави Димитријевиќ.

Селекторот Тодоров во младиот плејмејкер гледа како на лидер на оваа репрезентација, рамо до рамо со капитенот Војдан Стојановски.

Се вчитува...