Димитријевиќ: Немав пробано ниту на тренинг, но си реков „зошто да не“…

Шпанската Ендеса-лига веќе извесно време е во прекин, а паузата се користи за потсетување на најдобрите моменти во текот на оваа сезона. Еден од нив сигурно е оној на Ненад Димитријевиќ на каталонското дерби меѓу Хувентуд и Барселона, кога македонскиот плејмејкер со извонредна финта се ослободи од Дилејни, пред рутински да реализира со положување.

На официјалната веб-страница на Ендеса повторно се појави видеото од бравурозниот потег на Македонецот, овојпат заедно со изјава на Димитријевиќ.

„Минатото лето го направив тоа на шега. Сезонава го немав пробано ниту на тренинг, но си реков зошто да не“, се потсети нашиот интернационалец.

Се вчитува...