Димитријевиќ одличен, Хувентуд реди победи

Ненад Димитријевиќ одигра одличен натпревар за Хувентуд, давајќи значаен придонес во убедливата победа од 101-77 на дуелот со Обрадорио.

Тимот од Бадалона успеа да врзе три победи во низа во АЦБ-лигата, бегајќи од долниот дел на табелата. Македонскиот плејмејкер одигра 20 минути, период во кој реализираше 14 поени, осум асистенции и два скока, со шут од поле 5/7.

Димитријевиќ дефинитивно одлично ја стартуваше сезонава и ќе биде значаен адут на македонската репрезентација во квалификациите за Евробаскет 2021.

Се вчитува...