Димитријевиќ одличен со 19 поени за нова победа на Уникс, триумф и за Рајковиќ со ЦСКА

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ запиша нова победа со својот Уникс Казањ во ВТБ-лигата.

Триумф забележа и ЦСКА Москва предводена од Емил Рајковиќ која славеше со 74-80 на гостувањето против Р.Б. Москва и на тој начин го зачува првото место на табелата.

Димитријевиќ со Уникс Казањ, пак, беа подобри од Енисеј на домашен терен триумфирајќи со 91-80. Македонскиот кошаркар беше одличен постигнувајќи 19 поени, дополнети со осум скока и седум асистенции предводејќи го својот тим до победата.

Уникс е на второто место на табелата со осум победи и два порази, но и натпревар помалку од водечката ЦСКА Москва.

Се вчитува...