Димитријевиќ одличен, Валенсија падна во Бадалона

Ненад Димитријевиќ одигра одличен натпревар за Хувентуд против Валенија, предводејќи го својот тим до значајна победа над големиот ривал (83-74). За тимот од Бадалона ова беше трета победа во низа, четврта во последните пет кола, со што Хувентуд се искачува во зоната кој значи учество во плејофот, откако лани екипата на Димитријевиќ едвај обебеди опстанок во елитата.

Македонскиот плејмејкер одигра извонредно во првото  полувреме, во кое за десетина минути игра нанижа седум поени и пет асистенции, помагајќи Хувентуд да се одлепи на 46-31, резултат со кој се замина на одмор. Димитријевиќ ја презеде одговорноста и во клучните моменти, кога Валенсија се приближи на „минус шест“ со двете тројки на Дубљевиќ, но токму Македонецот со одлично положување го запре налетот на гостите и ја осигура победата на Хувентуд.

Димитријевиќ мина на теренот вкупно 17 минути, период во кој реализираше 13 поени, седум асистенции и три скокови, еден од неговите најдобри натпревари во „Ендеса-лигата“ сезонава.

Се вчитува...