Димитријевиќ одново го предводеше Уникс Казањ до победа во ВТБ лигата

Уникс Казањ на македонскиот интернационалец Ненад Димитријевиќ стигна до 15. победа во сезоната откако славеше на гостувањето кај Нижњи Новгород со 61-70 во 19. коло од ВТБ лигата.

Македонецот одново одигра одличен натпревар во кој го предводеше својот тим со 13 поени при реализација 5/12 од поле и 2/2 во обидите за еден поен, а додаде и 5 асистенции и една украдена топка притоа забележувајќи одлична улога и во нападот и во одбрната во одлучувачките моменти од средбата.

Новата победа го зацврсти Уникс на второто место на талбелата зад ЦСКА Москва која ја предводи македонскиот стратег Емил Рајковиќ.

Се вчитува...