Димитријевиќ патува во Полска и покрај повредата, Петков на местото на Зеќири

Со една измена во играчкиот ростер денеска македонската кошаркарска репрезентација ќе тргне на пат кон Полска нашата најдобра селекција, каде во понеделник ќе го одигра вториот натпревар од квалификациите за Евробаскетот во 2025 година. Селекторот Александар Јончевски мораше да направи една измена во играчкиот ростер.

Во комбинација за настап против домашната селекција, на средбата која на 26.февруари се игра во Сосновиец, да биде Марин Петков. Довчерашниот младински репрезентативец ќе го заземе местото на Лејсон Зеќири, кој по натпреварот со Естонците се пожалил на здравствени проблеми, и не е во состојба да патува за Сосновиец, каде од 18.часот. го играме вториот меч од квалификациите за пласман на ЕП.

Во Полска патува и Ненад Димитријевиќ, и покрај тоа што на вчерашниот меч со Естонија заработи повреда, меѓутоа се очекува да биде подготвен за натпреварот против Полска.

Се вчитува...