Ненад Димитријевиќ продолжува со одличните изданија во дресот на Олимпија Милано откако македонскиот репрезентативец беше еден од најдобрите поединци во денешниот триумф на гостувањето против Скафати со 78-83.
За разлика од првото гостување во сезоната во домашното првенство овојпат италијанскиот првак одигра максимално фокусирано, успевајќи по голема борба да стигна до посакуваните бодови. Клучната разлика Милано ја направи во третата четвртина што ја доби со 28-25, успевајќи да се одлепи и потоа да ја задржи предноста до самиот крај.
Димитријевиќ одигра речиси перфектен натпревар, реализирајќи 13 поени со само едно промашување (3/4 за три, 4/4 за слободни фрлања), надополнети со два скока, три асистенции и пет изнудени прекршоци. Поефикасен од Нено беше само Американецот Брукс со 22 поени, а двоцифрен ефект имаше само уште Шилдс со 11 поени.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА