Димитријевиќ: Сакам секогаш да победувам, и на карти и на плејстејшн

Ненад Димитријевиќ со трипл-дабл ја предводеше Македонија до победа на важниот меч во Виена против Австрија, по што нашиот најдобар кошаркар веднаш замина за Грција и му се стави на располагање на тренерот Василис Спанулис во новиот клуб Арис.

Нено беше најдобар стрелец на дебито за жолто-црните од Солун, со што се најде во фокусот на вниманието на јавноста.

„Се што сакам да правам е да победувам, тоа е дел од моојт карактер. Дали е на теренот за кошарка, или играјќи карти со пријателите, или пак кога играм ФИФА на Сони плејстејшн. Се што сакам е да победувам. Оние кои ме познавааат го знаат тоа за мене, се што играм, правам се за да триумфирам“, истакна Димитријевиќ за грчките медиуми.

Се вчитува...