Димитријевиќ се повреди, го чека пауза од терените

Ненад Димитријевиќ го предводеше Баерн Минхен до значајна победа на гостувањето против Вурцбург, со која баварскиот гигант се зацементира на врвот на бундеслигашката табелата.

Димитријевиќ го одигра еден од најдобрите мечеви во дресот на Баерн, реализираше 16 поени надополнети со 9 асистенции, 5 скока и 3 украдени топки. Само една асистенција го делеше нашиот плејмејкер од дабл-дабл учинок, а до неа не дојде поради незгодната повреда на зглобот заработена во финишот од натпреварот.

Баерн Минхен го избра Димитријевиќ за најдобар поединец на натпреварот, воедно и ја потврди повредата, најавувајќи дека тој ќе мора да мине извесен период надвор од терените.

„Силен меч, За жал, нашиот бек го истегна скочниот зглоб. Опорави се наскоро“, објави баварскиот гигант.

 

Се вчитува...