Македонскиот репрезентативец Нено Димитријевиќ и неговата Олимпија Милано забележаа повеќе од значајна победа на гостувањето против Жалгирис во 25. коло од Евролигата.
Милано триумфираше со 87-89, за пробив во плеј-ин зоната во европското натпреварување.
Димитријевиќ за нешто помалку од 15 минути во игра запиша 4 поени, дополнети и со пет асистенции и три скока. Најдобар поединец кај Милано беше Зек Ледеј со 26 поени, а Франциско со 29 поени беше најдобар кај Жалгирис но не успеа да му помогне да дојде до победата.
Црвена Звезда, пак, триумфираше со 71-77 на гостувањето против Алба Берлин. Петрушев со 17 поени беше најефикасен во редовите на црвено-белите, а кај Алба се издвои МекКормак со 18 поени.
Фенербахче триумфираше со 78-67 против Реал Мадрид, во мечот во кој Хејес и МекКалум со по 20 поени беа најефикасни во турскиот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА