Димитријевиќ со 8 поени за 14 минути на паркетот, Хувентуд загуби во неизвесна завршница

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Ненад Димитријевиќ одигра квалитетна партија за Хувентуд на гостувањето против Басконија во 12. коло од АЦБ лигата, но откако беше клучниот за намалување на негативата во финишот не доби шанса да одигра до крај во поразот на гостувањето од Басконија со 87-86.

Димитријевиќ беше всушност најзапазениот кошаркар во редовите на Хувентуд кој во финишот на третиот период и во последната четвртина, откако доби шанса за игра, успеа да го однесе својот тим до неизвесна завршница. Со две асистенции и пет едноподруго поени во тој период го донесе Хувентуд на четири минути пред крајот до негатива од само два поени, но потоа повторно изваден од игра во финишот не успеа да му помогне на својот тим да се спаси од пораз (87-86).

За само 14 минути на паркетот македонскиот кошаркар запиша 8 поени, дополнети и со три асистенции и два скока.

Се вчитува...