Димитријевиќ со рекорд и јубилеј донесе победа на Уникс

Кошаркарите на Уникс Казан поведоа со 1-0 во четвртфиналето во плеј-офот, откако на домашен терен го добија мечот против Енисеј со 83-73.

Уникс долго време бараше начин како да дојде до предност, и на крајот успеа да дојде и до победа со двоцифрена разлика. Ненад Димитријевиќ имаше 3/8 од игра, меѓутоа оствари дури 15 асистенции, што е најголем број на асистенции во еден натпревар. Воедно, македонскиот кошаркар стигна и до јубилејни 500 асистенции во руската ВТБ лига.

Првакот Уникс ќе биде домаќин и на вториот натпревар кој се игра на 25 април. Се играат во три добиени натпревари.

Се вчитува...