Димитријевиќ: Спанулис е клучниот фактор зошто потпишав за Арис

Ненад Димитријевиќ вчера го комплетираше трансферот во редовите на Арис, потпишувајќи двогодишен договор со тимот од Солун.

Одличниот плејмејкер доаѓа на инсистирање на спортскиот директор Никос Зизис, со кого на почетокот од кариерата имаше одлична соработка во Хувентуд. Димитријевиќ во првата изјава не крие дека огромно влијание врз одлуката од неколкуте понуди да го избере токму Арис е фактот дека тренер на оваа екипа е легендата на грчката и на европската кошарка, Василис Спанулис.

„Дефинитивно сум возбуден, доаѓам во легендарен тим и благодарен сум за шансата што ми се дава од управата. Од самиот почеток беше јасно колку луѓето од Арис ме ценат, колку сакаат да ме доведат на почетокот на оваа нова ера за клубот. Причини за мојот потпис има многу, но најголема дефинитивно е – Василис Спанулис. Тој ми го пртстави новиот проект, мојата улога во тимот и се ми се допадна – гледам прекрасни моменти за нас во наредниот период. Целта е да се победува, да се биде конкурентен во сите натпреварувања во кои ќе учествуваме и да се има менталитет дека можеме да стигнеме до сите трофеи“, истакна Димитријевиќ.

Се вчитува...