Димитријевиќ во идеалната петорка на млади играчи во Шпанија

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ е дел од идеалната петорка од млади кошаркари во АЦБ-лигата за сезоната 2019/20, во изборот на играчите, тренерите, фановите и кошаркарските новинари во Шпанија. Одличниот плејмејкер се најде во „Топ 5“ друштвото заедно со Усман Груба, Карлос Алосен, Арнолдас Кулбока и Вит Крејци.

Димитријевиќ е треторангиран на листата на најдобри млади кошаркари, освојувајќи вкупно 40 поени (15 од фановите, пет од играчите, десет од тренерите и десет од новинарите). Пред него се наоѓаат Алосен од Сарагоса со 100 поени и Гаруба од Реал Мадрид со 65 поени.

Македонскиот плејмејкер најдобрите партии сезонава ги имаше во Еврокупот, додека во АЦБ-лигата само на шест од 24-те средби се најде во стартната петорка на тренерот Дуран. Тој имаше просек од 8,5 поени и 3,5 асистенции во шпанското елитно друштво. За очекување е оваа сезона да биде последна за Димитријевиќ во дресот на Хувентуд, тој има уште една сезона од договорот со тимот од Бадалона, но најверојатно ќе ја продолжи кариерата во тимот на Валенсија.

Се вчитува...