Димитријевиќ во најдобрата петорка на полуфиналните мечеви во ВТБ лигата

Најдобрито македонски кошаркар Ненад Димитријевиќ продолжува со одличните партии сезонава во ВТБ лигата. Тој се најде во тимот на полуфиналните серии во ВТБ-лигата. Македонскиот репрезентативец повторно беше причината за пласман на Уникс Казан во финалето на ова натпреварување, каде титулата ќе ја брани против ЦСКА Москва.

Димитријевиќ во моментите кога се решаваше победникот постигна серија на поени и го отвори патот на Уникс кон победата. Нено постигна 31 поен, 6 скока и 6 асистенции во мајсторката против Локомотив Кубан.

Се вчитува...