Димитријевиќ во Топ 10 најдобри млади играчи во „Ендеса“

Македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ има добра сезона во дресот на Хувентуд, максимално користејќи ја минутажата што ја добива од стручниот штаб. Тоа беше доволна препорака за нашиот интернационалец да биде избран за еден од десетте најдобри млади кошаркари во Ендеса-лигата, во изборот на елитното шпанско кошаркарско друштво.

Димитријевиќ е еден од двајцата кошаркари на Хувентуд кои се во игра за признанието „Млад играч на сезоната“, заедно со Чаби Лопез. Покрај тандемот на Хувентуд, кандидати за престижната награда се уште Чанчар (Сан Пабло), Хлинасон (Обрадорио), Јуста (Реал Мадрид), Сакхо (Манреса), Кате (Мурсија), Радончиќ (Мурсија) и Бареиро (Текниконта).

Во гласањето за најдобар млад кошаркар во Ендеса-лигата, каде можете да му дадете поддршка на Димитријевиќ, можете да се вклучите кликнувајќи на ОВОЈ ЛИНК.

Ненад Димитријевиќ поради конфликт со старото раководство на федерацијата ги пропушти последните средби на националниот тим, но со доаѓањето на Перо Антиќ на претседателската функција сигурно е дека младиот плејмејкер на Хувентуд ќе биде вклучен во репрезентацијата за почетокот од главните квалификации за Евробаскет 2021.

Се вчитува...