Димитријевиќ втор на Топ 10 листата на Еврокупот (видео)

Одличниот влез на Ненад Димитријевиќ и положувањето со кое донеее победа на Хувентуд над Нантер беше избран за втор најдобар во шестото коло од Еврокупот.

Иако има само 21 година, младиот плејмејкер ја презеде врз себе одговорноста и беспрекорно реализираше, притоа изнудувајќи и прекршок, за заокружување на својата најдобра партија во која постигна 23 поени.

Пред Димитријевиќ се најде само Сем Декер од Локомотив Кубан, со моќно забивање на дуелот со Ритас.

Се вчитува...