Димитриоски, поради повреда, отпадна за дуелите со Данска

Македонската репрезентација ќе биде без Димитар Димитриоски за престојните два квалификациски натпревари против Данска, денеска во Скопје и за три дена на гостински терен.

Димитриоски има повреда на левото колено поради што нема да може да биде на располагање на Кире Лазаров и новиот стручен штаб.

Македонија на левокрилната позиција ги има на располагање Манасков и Кузманоски.

Се вчитува...