Британскиот тенисер Џек Дрејпер го победи Полјакот Хуберт Хуркач со 3-0, а на исти начин и Јаник Синер славеше против Лоренцо Сонега на УС Опен.
Дрејпер славеше со 6-2, 6-4 и 7-5 победувајќи го Хуркач за само два часа и 12 минути во второто коло. Британецот е дури 123-ти тенисер на АТП листата, но на тврда подлога е исклучително опасен, што почувствува и Хуркач кој е далеку од посакуваната форма.
Понатаму на турнирот продолжува и Бугаринот Димитров кој во три сета, со 6-3, 6-4 и 6-1 славеше против Енди Мареј.
И 12-от носител, Александар Зверев од Германија продолжува понатаму по победата од 3-1 против сонародникот Алтмаер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА