Димитров во полуфиналето на Мастерсот во Шангај

Бугарскиот тенисер Григор Димитров се пласираше во полуфиналето на АТП Мастерсот во Шангај.

Откако во осминафиналето го елиминираше првиот фаворит Карлос Алкараз, сега во четвртфиналето Димитров во два сета славеше против Чилеанецот Николас Јари со 7-6, 6-4.

Димитров во меч кој траеше еден час и 40 минути трумфираше против 22-от тенисер во светот.

Се вчитува...