Димитровски донесе триумф за Работнички против Победа (ВИДЕО)

Работнички по две ремија во првите две пролетни кола, конечно стигна до триумф. Тимот на Жикица Тасевски славеше на гостувањето во Кичево против Победа со 0-1. Стрелец на победничкиот гол беше Владимир Димитровски во 21.минута од натпреварот.

Дефанзивецот скокна највисоко во петерецот по корнерот од десната страна и со удар со глава погоди на вистинското место. Победа немаше сили да возврати и да стигне до реми.

Овој натпревар почна 20 минути подоцна од останатите натпревари затоа што немаше амбулантно возило на стадионот во Кичево.

ПРВА ЛИГА, 21.КОЛО – РЕЗУЛТАТИ

ВАРДАР – МАКЕДОНИЈА ЃП 3-1

ШКЕНДИЈА – БЕЛАСИЦА 3-0

АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ – ШКУПИ 0-2

СИЛЕКС – РЕНОВА 0-0

ПОБЕДА – РАБОТНИЧКИ 0-1 

Табела: Шкендија 47, Вардар 38, Академија Пандев 36, Работнички 31, Шкупи 30, Ренова 26, Македонија ЃП 22, Силекс 21, Победа 18, Беласица 18.

Се вчитува...