Димитровски продолжува во исландски Гриндавик

Владимир Димитровски,  некогашниот капитен на младинската репрезентација, и екс член на сениорската селекција, после една година најде ангажман.

Тој денеска го стави потписот со исландскиот тим Гриндавик, што ќе биде прв предизвик во оваа земја за дефанзивецот кој играше за многу клубови од многу земји. Гриндавик игра во втората по ранг лига во Исланд.

Последен клуб му беше Телави од Грузија, а играше за Докса, Керкира, Теплице, Карабах, Вардар, Работнички, Млада Болеслав, Металург Скопје, Кроација Сесвете, Вестерло, Цементарница.

Се вчитува...