Димов: Академија Пандев има победнички дух

Академија Пандев со триумфот (0-1) во струмичкото дерби се искачи на втората позиција на табелата во Првата лига потиснувајќи го Вардар на третото место. Тимот на Југослав Тренчовски оствари две пролетни победи без примен гол.

„Заслужено славевме во струмичкото дерби. Бевме подобри, посебно во првиот дел, кога и го постигнавме победничкиот погодок. Среќен сум што одбраната функционира добро и тоа носи успеси. Работевме напорно на зимските подготовки, тимот е одлично воигран и има победнички дух. Се надеваме дека во ист стил ќе продолжиме и на следните натпревари“, вели дефанзивецот Диме Димов.

Академија Пандев во следното коло на домашен терен ќе го пречека тимот на Шкупи.

Се вчитува...