Димов: Сакаме што подолго останување на европската сцена

Дефанзивецот на Академија Пандев, Диме Димов, пред утрешниот прв натпревар против Зрињски во 1. квалификациско коло за Лига Европа вели дека целта на струмичани е што подолго останување на европската сцена ова лето.

„Максимално го почитуваме противникот. Може да ја препуштиме фаворитската улога на Зрињски но тоа не теренот ништо не значи. Наша цел е што подолго да останеме на европската сцена и достојно да го претставиме македонскиот фудбал. Верувам дека тоа ќе биде јасно видливо уште на утрешниот натпревар против босанскиот тим“ – вели Димов.

Натпреварот меѓу Академија Пандев и Зрињски на националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје се игра утре со почеток од 19 часот.

Се вчитува...