Димовски: Боксот го враќаме на победнички патеки, горди сме на овој успех на Аземи

Боксерската федерација на Македонија го награди Ардијан Аземи со 120.000 денари повод успехот на Европското првенство во Будва, парична награда е доделена и на тренерот Насер Харуни во висина од 60.000 денари. Претседателот на БФМ, Примислав Димовски повод успехот во Будва на денешната прес конференција изјави.

„Драго ми е што имаме успех во боксот, по медалите во деведесетите години имавме голема пауза кога се успесите во прашање. По мојот медал во 1995 година, потоа на Чатлески, Гоергиески и Салиху, и оној историски во сениорска конкуренција на Вели Мумин, имаме прв медал од младинско европско првенство. Горди сме на овој успех среќни и радосни, ова е не само наш успех во федерацијата, ова е значаен момент за спортот во Македонија во моменти кога живееме во услови на пандемија. Ги наградивме Ардијан Аземи и Насер Харуни парично, медалистот Аземи со 120.000 денари, тренерот со 60.000 денари. Сакам да истакнам дека покрај нив на европското во Будва настапија и браќата Илхан и Ајхан Озмен и тренерот Васко Цубалевски, благодарни сме за се што направија во промоција на македонскиот бокс. Сакам да упатам посебна благодарност и до Алкалоид и господинот Живко Мукаетов кои го реализираа нашиот ваучер во услови на пандемија и го помогнаа боксот кога беше најпотребно“, изјави Димовски на прес конференцијата.

Тренерот на нашиот медалист од Будва, Насер Харуни на денешната прес конференција повод успехот, освоениот бронзен медал,  потенцираше дека освојувањето на овој медал е заслуга на сите, на федерацијата на останатите тренери кои работат во боксот, ова е награда за сите.

„Сакам да истакнам дека ова е успех на сите, прв медал во младинска конкуренција на европско првенство. Со доаѓањето на Примислав Димовски на претседателската функција боксот оди напред, сакам да му се заблагодарам и на Петре Чурлиновски, искусниот наш тренер во боксот, неговите совети беа драгоцени на патот кон припремата на борбите во Будва. Жалам што не успеавме да влеземе во финале, Ардијан боксуваше одлично, загуби тесно со 3-2, но следува светското првенство и ќе се обидеме да напредуваме“, изјави Харуни.

 

Се вчитува...