Динамо е недопирлив во Хрватска: Нов трофеј за Ристовски и Адеми

Динамо Загреб ја продолжи жетвата на трофеи во хрватскиот фудбал откако тимот на Стефан Ристовски и Аријан Адеми заокружи уште една фантастична сезона со двојна круна.

Откако во голем стил ја завршија лигашката сезона и се закитија со титулата, „модрите“ од Загреб вечерва славеа и во Купот на Хрватска, откако на гостински терен ја декласираа Ријека со 1-3. Домаќините се надеваа на триумф и утеха за загубената трка за титулата, но Динамо одигра импресивен меч, поведе со 0-3 со головите на Сучиќ, Батурина и Булат, трасирајќи си го патот до 17. куп-трофеј во клупската историја.

Адеми и Ристовски беа стартери на овој дуел, давајќи значаен придонес за уште еден одличен резултат и освоен пехар на најтрофејниот хрватски фудбалски колектив.

Се вчитува...