Динамо Загреб синоќа загуби од Викинг и не успеа да се пласира во Лигата на шампионите, по што хрватскиот првак конечно го реши и проблематичното прашање околу голманската позиција.
„Модрите“ долго време преговараа за да го доведат Доминик Ливаковиќ, но откако хрватскиот репрезентативец потпиша за Барселона раководството на Динамо се насочи кон другите опции, на крајот постигнувајќи договор за ангажман на Доминик Котарски.
Овој 26-годишен голман ја мина младинската школа на Динамо, а на „Максимир“ се враќа од редовите на ФЦ Копенхаген. Хрватскиот шампион преговараше со данскиот гигант десетина дена, за конечно да биде најден заеднички јазик и Котарски да добие зелено светло – за позајмица од 500.000 евра со клазула од дополнителни 3,3 милиони ако Динамо следното реши целосно да го откупи неговиот договор.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
