Динамо го слави Адеми – гол за чекор напред кон титулата во Хрватска

Динамо Загреб се рехабилитираше од поразот во дербито против Хајдук со победа на гостувањето кај Горица од 0-1 во 32 коло од хрватското првенство. Херојот на „модрите“ беше македонскиот репрезентативец Аријан Адеми кој во 86. минута го постигна победоносниот гол, кој воедно значи и чекор понапред кон одбрана на титулата.

Со новите три бода загрепскиот клуб ја зацврсти својата позиција на врвот на табелата со скор од 21 победа, 6 реми средби и 5 порази за вкупно 69 освоени бода, пет повеќе од второпласираниот Осијек.

Во полза на Динамо Загреб беше и натпреварот помеѓу Славен и Хајдук, кој заврши без голови па сплитскиот клуб сега заостанува шест бода зад лидерот на табелата.

Standings provided by SofaScore LiveScore

Се вчитува...