Динамо ја победи Омонија, но се повреди Адеми

Динамо Загреб забележа уште една победа во квалификациите за Лигата на Шампионите, овојпат со 2-0 на својот „Максимир“ против кипарскиот првак Омонија. Отпорот на гостите беше скршен во второто полувреме, откако првиот дел донесе сериозен проблем за „модрите“, поради повредата на капитенот Аријан Адеми.

Македонскиот репрезентативец падна како покосен на тревата жалејќи се на болка во мускулот, веднаш стана јасно дека проблемот не е наивен и тој мораше да биде заменет. Вториот македонски интернационалец, Стефан Ристовски, ги одигра сите 90 минути за Динамо на овој натпревар. Мајер го отвори резултатот во 65. минута, а конечните 2-0 ги постави Јакиќ.

Ференцварош со идентични 2-0 славеше на првиот меч против Жалгирис, Клуж како гостин го доби првиот дуел со Линколн (1-2), а еден гол беше доволен за Шериф да слави со 0-1 на гостувањето против Алашкерт.

Се вчитува...