Динамо Киев отпатува со само 13 фудбалери во Барселона: Половина тим позитивен на Ковид-19

Динамо Киев за Барселона за утрешниот натпревар во третото коло од Лигата на шампионите поведе само 13 фудбалери.

Повеќе од половина тим на Мирчеа Луческу е заразен со коронавирусот, па во случајо само уште еден фудбалер до натпреварот да биде позитивен, тогаш мечот ќе биде одложен.

Правилата на УЕФА се дека мора да има минимално 13 здрави фудбалери на располагање како еден натпревар би се одиграл.

Со коронавирус во редовите на Динамо Киев се заразени Цитаишвили, Шапаренко, Миколенко, Каравајев, Гармаш, Дуелунд, Бушчан и Балута, а поради повреди ќе отсуствуваат и Костевич и Тимчик. Суспендиран е и Сидорчук кој беше исклучен во претходното коло против Ференцварош.

Се вчитува...