Динамо нема да го пријави Адеми за настапите во Европа?

Динамо Загреб до денеска треба да го поднесе списокот на играчи на кои ќе смета во настапите во Лигата на Конференции, и дуелот против Бетис во 1/8 финалето од ова натпреварување. „Модрите“ најпрво на 15 февруари ќе гостуваат во Шпанија, а потоа седум дена подоцна го играат реваншот на „Максимир“.

Аријан Адеми поради доцниот „кам-бек“, не беше пријавен за првиот дел од сезоната во Европа, а веројатно нема да игра во Лигата на Конференции ниту во пролетниот дел. Динамо Загреб може да го дополни списокот со три нови имиња, а меѓу нив веројатно ќе го нема Аријан Адеми, пренесува порталот „24 сата“.

Тренерот на Динамо, Сергеј Јакировиќ размислува да ги пријави Теофил, Огивара и Хоџа, што ќе значи во тој случај за Адеми ќе нема место за европските настапи.

Се вчитува...