Динамо З. преку Легија на чекор до групна фаза во ЛШ (ВИДЕО)

Динамо Загреб се квалификуваше во плеј-офот во квалификациите за Лигата на шампионите откако славеше на гостувањето кај полска Легија со 0-1. Клучниот момент во натпреварот се случи во 20. минута кога Бартол Фрањиќ го постигна победоносниот гол за „модрите“. За потсетување првиот натпревар на „Максимир“ заврши без победник 1-1.

Аријан Адеми поради повреда повторно беше надвор од тимот, додека Стефан Ристовски го одигра цел натпревар. Во плеј-офот Динамо Загреб ќе игра против молдавски Шериф Тираспол кој ја исфрли „бледата“ Црвена Звезда.

Пласман понатаму обезбеди и Малме кој со идентични 1-2 славеше и во реваншот против Ренџерс, како и Бенфика која рутински ја мина Спартак Москва. Во најинтересниот меч во вечерашната понуда бугарскиот Лудогорец по изведување на пенали го елиминираше фаворизираниот грчки Олимпијакос.

 

Се вчитува...