Динамо Загреб може да заработи до 25 милиони евра „без да мрдне со прст“

Динамо Загреб важи за еден од најдобриот клубови на Балканот, клуб кој постојано се натпреварува на европската сцена, но бележи и одличната работа во младинската школа која произведе голем број на фудбалери во минатото. Истото донесе големи трансфери од Загреб во Европа за кои „модрите“ добија и голема заработка, а сега „без да мрднат со прст“ можат да добијат дополнителни 25 милиони евра.

Станува збор за компензација од следните трансфери на Јошко Гвардиол и Дани Олмо кои до крајот на следното лето се очекува да заминат од редовите на Лајпциг.

Германскиот состав веќе одби понуда од 90 милиони евра од Челси за услугите на дефанзивецот, а по одличниот настап во текот на сезоната, како и на Светското првенство во Катар неговата цена дополнително се зголеми и тој сега вреди над 100 милиони евра што значи дека од следниот трансфер хрватскиот клуб може да добие до 17 милиони евра.

Сличен е и случајот со Дани Олмо кој одбива да потпише нов договор со клубот и цели на трансфер кој најверојатно ќе достигне сума од 55 милиони евра. Во тој случај „модрите“ ќе добијат помеѓу шест и осум милиони евра.

Се вчитува...