Динамо Загреб на „македонски погон“ до победа над Истра

Динамо Загреб славеше на гостувањето кај Истра со 1-2 во натпревар од 22. коло во Првата лига на Хрватска. Македонските репрезентативци Аријан Адеми и Стефан Ристовски беа едни од главните „виновници“ за новата победа на „модрите“ во домашниот шампионат.

Токму во првиот гол на Мислав Оршиќ учествуваат и Адеми и Ристовски. Првиот ја почна целата акција, по што го проигра Стефан Ристовски кој му асистираше на Орсиќ за водство од 0-1. Гостите израмнија на 1-1 со голот на Мишковиќ во 47. минута.

Конечните 1-2 ги постави Оршиќ со својот втор гол на мечот кој го постигна од пенал во 55. минута. Динамо Загреб е лидер на првенствената табела со 46 бода, односно три повеќе од вториот Осијек и третата Ријека, но и натпревар повеќе од конкурентите.

 

 

 

Се вчитува...