Динамо Загреб по 30 години доведе Србин

Хрватскиот првак Динамо Загреб по цели 30 години направи преседан и ангажираше Србин во своите редови, објавија драматично хрватските медиуми. Комнен Андриќ е првиот српски фудбалер кој дојде на „Максимир“ по прославениот напаѓач Радмило Михајловиќ во 1988 година.

„Никогаш не сум имал ни најмали проблеми во Хрватска. Јас размислувам само за спортот, а Динамо Загреб е најголемиот клуб на Балканот. Почестен сум што доаѓам во ваков голем клуб“, изјави Комнен Андриќ.

Тој пристигна од Интер Запрешиќ за сума од 800.000 евра и потпиша петгодишен договор. Роден е во Нови Пазар, а кариерата ја почна во Раднички Крагуевац. Беше интернационалец во Португалија и во Литванија, а минатото лето пристигна во Интер Запрешиќ.

 

 

Се вчитува...