Динамо Загреб само со реми против Легија на „Максимир“ (ВИДЕО)

Динамо Загреб одигра нерешено 1-1 против полска Легија во првиот натпревар од двомечот од 3. коло во квалификациите за годинашното издание во Лигата на шампионите. „Модрите“ поведоа со голот на Бруно Петковиќ во 60. минута, додека конечните 1-1 ги постави Муци во 82.

Стефан Ристовски го одигра целиот натпревар за шампионот на Хрватска, додека Аријан Адеми поради повреда беше надвор од тимот и на овој меч.

Во останатите два натпревари од денешната понуда Бенфика славеше на гостувањето кај Спартак Москва со 0-2, додека Ференцварош на домашен терен беше подобар од Славија Прага со 2-0.

Се вчитува...