Динамо Загреб слави двојна круна во Хрватска

Фудбалерите на Динамо Загреб ја потврдија доминацијата на хрватската фудбалска сцена освојувајќи нова двојна круна. Шампионската титула беше освоена уште пред неколку седмици, но „модрите“ од Загреб вечерва се закитија и со куп-трофејот, откако во големото финале славеа над Ријека со 2-0.

Првото полувреме мина во израмнета битка на двете страни, па мрежите мируваа во овие 45 минути од финалето. Натпреварот целосно се промени по погодокот на Стојковиќ, чиј удар од далечина го изненади голманот Зломислиќ и заврши во мрежата. Ријека при резултат 1-0 ја погоди гредата, а само неколку минути подоцна Стојковиќ со својот втор погодок стави печат на финалето и му го донесе трофејот на Динамо.

Целото финале го одбележаа и низа инциденти предизвикани од двете навивачки групи, поради што мечот неколку пати беше прекинуван.

Се вчитува...