Динар сака да ги задржи „француските дедовци“

Дидие Динар имаше фантастичен почеток на својата селекторска кариера, откако со Франција стигна до титулата светски шампион. Специјалистот за одбрана внесе во репрезентацијата неколку млади играчи, но нема намера да се откаже и од оние најискусните. Тој не ја крие желбата во националниот тим да ги задржи „дедовците“ Тиери Омејер (40 години) и Даниел Нарсис (37 години), за кои медиумите најавија дека по овој мундијал ќе ги завршат своите репрезентативни кариери.

Извонредниот голман и неповторливиот бек заедно освоија девет мундијали, четири олимписки злата и шест европски шампионати, па јасно е зошто Динар нема така лесно да се откаже од нивната помош и при обидот да ја врати европската круна на следното ЕП во Хрватска.

Тоа е одлука што самите тие треба да ја донесат. Мојот став е дека Омејер и Нарсис треба да продолжат, тие се уште можат многу да и помогнат на националната селекција. Ќе разговарам со нив во периодот што следи на оваа тема“ – изјави Динар.

Се вчитува...