Династијата Малдини во Милан: Даниел ја продолжува традицијана на Паоло и на Чезаре

17-годишниот Даниел ја продолжува успешната традиција на лозата Малдини во Милан. Помладиот син на Паоло и внук на Чезаре доби шанса да биде дел до првиот тим на пријателскиот натпревар против Баерн Минхен.

Даниел е наследник на легендата, татко му Паоло кој со Милан осови 26 трофеи во периодот 1985 до 2009 година. Неговиот дедо пак, Чезаре кој исто така како и Паоло беше капитен на Милан, имаше и тренерски период во клубот.

Даниел има и постар брат, Кристијан кој не се покажа доволно добар и не доби шанса во првиот состав. Според најавите, Даниел кој доби повик и за итлаијанската репрезентација до 18 години, би можел да ја продолжи семејната традиција.

 

 

Се вчитува...