Дино Раѓа добива место во Куќата на славните

Легендарниот хрватски кошаркар, Дино Раѓа, во септмеври годинава ќе стане нов член во Куќата на славните, а во неа ќе го воведе прославениот Лари Бирд.

Раѓа ќе биде осмиот европски, односно трет хрватски кошаркар кој ќе се најде во кошаркарската Куќа на славните. Трофејниот хрватски кошаркар во Куќата на славните во Спрингфилд ќе го воведе легендата на НБА кој исто како и Раѓа целата своја кариера ја мина во тимот на Бостон Селтикс.

Раѓа во најсилната кошаркарска лига во светот помина четири години и играше успешно во Бостон со просек од 16,7 поени и 8,4 скока, а најдобра сезона му беше 1995/1996 кога во просек имаше 19.7 поени и 9,8 скока.

Покрај Дино Раѓа во кошаркарската Куќа на славните наредниот месец ќе влезат уште и Реј Ален, Мо Чикс, Чарлс Драјсел, Грент Хил, Џејсон Кид, Стив Неш, Чарли Скот, Кети Смит, Тина Томпсон, Род Торн и Рик Велтс.

Се вчитува...