Директорот на Евролигата со шок за Звезда: Титулата во АБА не им значи ништо

Извршниот директор на Евролигата, Паулијс Мотејунас, во Берлин повтори дека титулата шампион во АБА лигата нема вредност кога е во прашање доделувањето на „вајлд-картата“ за сезоната 2024/25.

Кошкаркарите на Црвена Звезда го освоија пехарот во АБА лигата, со победата над Партизан во финалето со 3-0, и се чинеше дека има сигурно учество во Евролигата следната сезона, но тој статус „црвено-белите“ треба да го добијат на друг начин.

„Нема повеќе шампиони. Веќе не важи дека ќе играш ако победиш нешто. Тоа веќе не е принцип. Секој има шанса и ќе разговараме со сите, на крај клубовите ќе одлучат “, изјави Литванецот пред почетокот на фајналфорот во Берлин и додаде:

Се вчитува...