Дирк Новицки не сака да му биде помошник на Стив Неш

Дирк Новицки ја одбил понудата од порнаешниот соиграч Стив Неш да се приклучи на тренерскиот тим на Њу Џерси. Германецот ја одбил пондуата поради две причини. Прво смета дека тешко би можел да работи во ниту еден друг клуб освен во Далас каде што ја помина целата кариера. Втората причина е желбата да се биде со семејството. Тој ја заврши кариерата во 2019 година и смета дека уште е рано да и се врати на кошарката и оти треба да помине повеќе време со најблиските.

Новицки беше во Далас од 1998 година каде помина 21 сезона. Во 2011 ја осви титулата и стана МВП на финалето. Неш во „маверикс“ дојде во 1998 кога Новицки имаше само 20 години. Заедно играа до 2004 година кога Неш се врати во Феникс. Имаа голем ривалитет и серизони битки како опоненти во Западната конференција, но останаа добри пријатели. Неш го презеде Њу Џерс во септември.

Се вчитува...