Дисаси е ново име во Челси, трансфер вреден 45 милиони евра

Аксел Дисаси ќе биде најново засилување на Челси во овој преоден рок откако „сините“ тргнаа во офанзива по нов одбранбен фудбалер по најновата повреда на коленото на Фофана.

Покетино не криеше дека му е неопходен нов дефанзивец, а управата му излезе во пресрет и повторно седна на маса со Монако дискутирајќи за трансферот на Дисаси. „Кнезовите“ долго време инсистираа на отштета од 50 милиони евра, за на крајот да се согласат на конечна сума од 45 милиони евра и да дадат зелено светло за реализција на овој трансфер.

Дисаси веќе начелно ги има договорено личните услови, па останува само уште да се средат неколку детали, по што тој ќе ги мине лекарските прегледи и ќе потпише со лондонскиот клуб.

Приоритет на „сините“ досега во преодниот рок беше нападот, беа комплетирани трансферите на Нкунку од Лајпциг и на Џексон од Вилјареал, но по заминувањата на Кулибали и на Азпиликуета и повредата на Фофана, клубот мораше да се врати на пазарот и да ангажира уште еден дефанзивец.

Се вчитува...