Кристијан Дисингер беше еден од првите што најавија заминување од Вардар поради финансиските проблеми на македонскиот ракометен гигант, но германскиот бек на крајот ги прифати условите што му беа понудени од новиот претседател Михајло Михајловски, потпишувајќи нов едногододишен договор со „црвено-црните“.
„Можев да заминам уште во февруари, имав интересни понуди, но решив да останам и да почекам. Во тој момент се беше лошо, немаше пари, атмосферата во екипата беше нарушена. Сепак, новиот претседател Михајловски успеа сите да ги убеди дека се ќе биде во ред. Тој е сериозен човек, неговите зборови ги смирија сите ракометари“, истакна Дисингер.
Германскиот интернационалец ги демантираше гласините дека една од причините за останувањето била неговата девојка, Македонка која е сестра-близначка на свршеницата на Игор Карачиќ.
„Девојката немаше влијание врз одлуката. Јас бев подготвен да си заминам, а на неа не и пречеше трансферот. Сепак, се случи да останам во Вардар и се уште сме заедно во Македонија. Не останав поради неа, туку бидејќи Вардар се уште е дел од европската елита. Можеби нема да ја освоиме Лигата на Шампионите, но овој тим дефинитивно поседува потенцијал“, оптимистички е расположен Кристијан Дисингер.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА