Дисингер: Не знам што се случи…

Кристијан Дисингер со право беше разочаран од себе и од целокупната екипа на Вардар по катастрофалната игра и убедливиот пораз од девет гола разлика на гостувањето против Веспрем.

„Мораме да признаеме дека Веспрем беше многу подобар и заслужено победи. Не знам што се случи, влеговме во второто полувреме борејќи се, а потоа домаќинот влезе во ритами почна да дава голови во серија“ – изјави Дисингер.

Првиот тренер Едуард Кокшаров не се појави пред новинарите по дебаклот, па неговото место му припадна на тренерот на голманите, Дејан Периќ.

„Можеме само да му честитаме на Веспрем, кој беше подобар од нас. Атмосферата беше одлична, а домаќините тактички подобро се поставија. Во второто полувреме се приближивме на два гола, но не успеавме да ги загрозиме. Домаќините беа подобри и во нападот и во одбраната, му посакувам многу среќа на Веспрем во иднина“ – истакна Периќ.

Се вчитува...