Дисингер од автобусот на европските шампиони: Барса и Веспрем се добри, ама Вардар е најдобар!

Европските ракометни шампиони се во отворениот автобус и патуваат кон центарот на Скопје, каде ги чекаат илјадници фанови, да ги поздрават и да им се заблагодарат за прекрасните моменти и новата титула.

Кристијан Дисингер во Келн беше единствениот Германец кој се радуваше на трофејот, како дел од РК Вардар. Вели дека Барса и Веспрем се добри тимови…

„Беше тешко, мора да се признае. Но, тогаш и се познава кој е најдобар. Барселона и Веспрем се добри тимови, можеби на имиња и многу посилни од нас, но Вардар на теренот покажа дека е најдобар. Многу сум среќен за освоениот пехар“, изјави Дисингер.

 

Се вчитува...