Дисингер опериран, ќе паузира три месеци

Никако да завршат проблемите на европскиот ракометен првак Вардар кога се повредите во прашање. Германскиот интернационалец Кристијан Дисингер ќе го нема во составот најмалку во наредните три месеци. Тој вчера имал хируршка интервенција на коленото за да ја санира сериозната повреда. Идентичен ќе биде периодот на опоравување како и претходно за капитенот Стојанче Стоилов.

Дисингер подолг период се мачи со повреди оваа сезона. Тренерот Едуард Кокшаров и понатаму не може да го „скрпи“ составот кој раководството го планираше за оваа сезона. Повредите едноставно ги десеткуваа „црвено-црните“.

В недела во СЦ „Јане Сандански“ гостува европскиот вицешампион Веспрем и тоа ќе биде голем предизвик за Вардар со оглед на големиот број повредени ракометари.

Се вчитува...