Дисингер: Среќни сме, тешко се победува во оваа сала

Ракометарите на Вардар можат да бидат горди на стартот на новата европска сезона откако по голема битка славеа над Монпелје со резултат 31-33. „Црвено-црните“ одиграа како што им прилега на актуелните европски шампиони, со борбеност и карактер од првата до последната минута, беа најдобри кога беше најважно и знаеја како да ги искористат грешките на противникот.

„Мислам дека во првото полувреме двете екипи многу грешеа, му оставивме на противникот многу простор. И тие постигнуваа лесни голови исто како нас. Во второто полувреме заигравме многу подобро и мислам дека заслужено победивме. Среќни сме што победивме бидејќи сите знаат колку е тешко да се слави на овој жежок терен, со нетрпение го очекуваме продолжението на сезоната и следните предизвици“ – изјави Кристијан Дисингер.

Се вчитува...